Корисниците на Mac профилите нападнати од хакери

Објавено на 05.07.2020 во Новости



Корисниците на Mac профилите нападнати од хакери

Нов ransomware краде лозинки и броеви од кредитни картички. Долго време корисниците на Apple Mac компјутерите беа на некој начин заштитени од вируси и други злонамерни програми. Во последните години тоа се промени. Посебно предупредување за Mac сопствениците е пратено до неколку компании што се занимаваат со компјутерска безбедност и тоа поради појава на злонамерната програма (malware) што ги таргетира токму нив.

Се работи за малверот ThiefQuest односно EvilQuest, кој во себе содржи неколку шпионски компоненти насочени кон кражба на корисничките податоци. Пред се е фокусиран на системски лозинки, финансиски информации и броеви на кредитни картички што бројните корисници ги меморирале на своите компјутери. Препораката од експертите е да се преземаат апликации исклучиво од проверени и официјални продавници.

Автор: Aleksandar Stankov