Xiaomi ќе лансира супер брз полнач со рекордни 120W

Објавено на 05.07.2020 во Новости



Xiaomi ќе лансира супер брз полнач со рекордни 120W

Xiaomi наскоро ќе лансира нов супер брз полнач кој ќе има рекорден капацитет на брзо полнење на батерија од 120W.

Надворешниот супер брз полнач веќе е одобрен од кинеската агенција 3C, па така овој додаток може наскоро да биде лансиран на пазарот.

Се очекува прв смартфон кој ќе има капацитет на супер брзо полнење од 120W да биде некој од премиум смартфоните на Xiaomi оваа есен, а полначот ќе биде компатибилен и со таблети и други мобилни уреди.