Huawei има нов предизвик за милион долари - AppsUp

Објавено на 06.07.2020 во Новости



Huawei има нов предизвик за милион долари - AppsUp

Huawei сака масовно да почне да се креираат апликации за Huawei AppGallery со помош на AppsUp предизвикот. Со сите алатки и ресурси достапни на Huawei Mobile Services (HMS) и HMS Core, ќе им се овозможи на корисниците да ги збогатат своите апликации за секојдневниот живот. Пет регионални настани ќе бидат одржани во Кина, азиско-пацифичкиот регион, Латинска Америка, Европа, Блискиот Исток и Африка.

„Работата со заедницата на девелопери во Huawei ни е многу важна, а особено сме горди на растот што AppGallery го реализираше на глобално и локално ниво. За да ги поттикнеме талентираните девелопери да ги развиваат своите идеи, го креиравме Huawei AppsUp натпреварувањето, на кое им се отвара шанса за глобален успех“, истакнува Норман Мулер, директор за маркетинг во Хрватска и Словенија.

Вкупниот награден фонд на натпреварот изнесува милион долари, а финалистите ќе ги промовираат своите апликации на Huawei AppGallery и така ќе станат достапн за милион корисници во над 170 земји.