Франција не го забрани Huawei за мобилната мрежа

Објавено на 06.07.2020 во Новости



Франција не го забрани Huawei за мобилната мрежа

Француките комуникациски регулаторни тела не донесоа забрана за целосна употреба на опрема за мобилните оператори набавени од Кина и не го следеа примерот на САД, нивните сојузници во оваа насока.

Француската агенција ANSSI упати препорака до мобилните оператори да го задржат статус квото, да набавуваат опрема за нивната комуникациска мрежа од европски компании како Nokia и Ericsson додека пак тие кои соработуваат веќе со Huawei ќе добијат специјални дозволи во траење од три до осум години. 

Остануваат заложбите Huawei да нема пристап до чуствителни податоци како што се информациите за корисниците на мобилните оператори и мрежи.