Патент ги открил плановите на Apple - Може ли iPhone да замени лаптоп?

Објавено на 07.07.2020 во Новости



Патент ги открил плановите на Apple - Може ли iPhone да замени лаптоп?

Поголем дел од нашите дигитално технолошки-потреби ги исполнува само еден уред - смартфон. Тие исфрлија многу други уреди од пазарот, но кога станува збор за раота што бара и пишување на малку подолги текстови, малата виртуелна тастатура сепак не може да го замени класичниот компјутер. 

Изгледа дека Apple веќе одредено време размислува како iPhone би можел да замени лаптоп, барем за дел од корисниците. Патентот подразбира куќиште на лаптоп со тастатура и екран, како и простор за touchpad, каде би се поставил iPhone. Приказот од екранот на телефонот тогаш би се појавил на ерканот на лаптопот, додека екранот на самиот iPhone ќе стане touchscreen на лаптопот.

Тоа значи дека куќиштето не би имало никаков хардвер како што се процесори, мемории и слично. 

Автор: Aleksandar Stankov