Тајното оружје на Sony - Војска роботи составуваат нови PS4 и PS5

Објавено на 07.07.2020 во Игри



Тајното оружје на Sony - Војска роботи составуваат нови PS4 и PS5

Откриено е дека во фабриката на Sony во Јапонија работат само роботи на новите PS4 и PS5 конзоли. Во цел процес на производство се вклучени само четири луѓе - двајца за ставање на матичните плочи на производната лента и двајца што пакуваат готов производ. За се друго се грижи војската од роботи.

Вкупно работат 26 роботи, а за целиот процес им се потребни само 30 секунди. Sony ги користи Mitsubishi Electric роботите, кои во поединечните делови за производен процесо меѓусебно мора да соработуваат. Се претпоставува дека токму оваа производна линија ќе биде одговорна за производство на PlayStation 5 во сите негови верзии, но и дека ќе продолжи со производството на PS4 и PS4 Pro моделите. PlayStation 5 излегува кон крајот на 2020 година.