Цените на PlayStation 5 и Xbox може да ги разочараат корисниците

Објавено на 07.07.2020 во Игри



Цените на PlayStation 5 и Xbox може да ги разочараат корисниците

Sony и Microsoft досега објавија прилично голем број на информации за своите конзоли, кои до крајот на 2020 година би требало да излезат на пазарот. Единствено непозната останува цената.

Неодамна од Sony соопштија дека нема да се фокусираат на најниската цена, туку на најголемата вредност на PlayStation 5. Microsoft наводно сака да и ја препушти честа на јапонската компанија за прва да ги објави цените на новата генерација на конзоли, со цел да може и тоа потоа да ја објават цената за претстојниот Xbox, кој би можел да биде за 50 или 100 долари поевтин.