Американците му го фрлија пикот и на TikTok

Објавено на 07.07.2020 во Новости



Американците му го фрлија пикот и на TikTok

Владата на САД размислува да воведе целосна забрана за користење на популарната друштвена мрежа TikTok на која се објавуваат кратки забавни видеа, а истата е во сопственост на кинескиот стартап ByteDance.

Информациите за ваквиот чекор ги даде американскиот државен секретар Мајк Помпео кој предупредува дека оваа апликација има врски со кинеската влада и може да бида закана за државната безбедност со давање на пристап до податоците на корисниците.

Од TikTok пак, одговорија дека имааат главен извршен директор кој е Американец, дека нивните сервери целосно се надвор од Кина и дека никогаш нема да ги споделат податоците за корисниците дури и ако тоа го побара кинеската влада.

Автор: Aleksandar Stankov