Апликацијата МојДДВ сега достапна и на AppGallery на Huawei

Објавено на 08.07.2020 во Новости



Апликацијата МојДДВ сега достапна и на AppGallery на Huawei

Апликацијата МојДДВ со која се врши скенирање на фискални сметки за поврат на ДДВ кај физичките лица, сега е достапна и на продавницата за апликации AppGallery на Huawei.

AppGallery постојано го збогатува своето портфолио, а основен фокус во секоја од 170-те земји во кои работи Huawei е што побрзо да ги обезбеди најомилените и најкористените апликации од локалните даватели на содржини.

Оттаму е нормално што во понудата на AppGallery се најде и апликацијата МојДДВ која во нашата земја веројатно е една од најкористените.Според последните податоци од Управата за јавни приходи, во последното тромесечје, кое заврши на 30 јуни, регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата, а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направенп ромет од 21.414.380.426,00 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари, односно 5,44 милиони евра. Накрајот на март, aпликацијата имаше 262.030 корисници.

Во портфолиото на продавницата за апликации на Huawei –AppGallery, сите апликации кои се поделени во 18 категории, вклучувајќи финансиски, трговски апликации, апликации за патувања и друго, се развиваат со највисоко ниво на безбедност. Галеријата гарантира безбедност на апликацијата преку механизми за верификација и заштита на четири нивоа.

Официјалнатa платформа за преземање апликации на Huawei - AppGallery е во првите 3 продавници за глобални апликации. AppGallery обезбедува целосна безбедност и заштита, вклучително и верификација на корисникот, како и четворократна проверка на сигурното функционирање на апликацијата. AppGallery нуди оптимизирани апликации кои работат на уредите Huawei за да се постигне поиновативно и интелигентно искуство.

Автор: Aleksandar Stankov