Американците ќе го банираат кинески TikTok

Објавено на 08.07.2020 во Новости



Американците ќе го банираат кинески TikTok

Еден од следните чекори што САД би го преземал против Кина е забраната за користење на кинеските мобилни апликации, вклучувајќи го и TikTok. Мајк Помпео, американскиот државен секретар, изјави дека сериозно се размислува за тоа, иако не е донесена конечна одлука.

Кина е веќе неколку години на радарот на Трамп, а ситуацијата дополнително се влоши кога САД го стави Huawei на црната листа на компании со кој компаниите од САД не смеат да соработуваат.