Наскоро доаѓа поевтиниот Huawei Enjoy 20

Објавено на 08.07.2020 во Новости



Наскоро доаѓа поевтиниот Huawei Enjoy 20

Huawei ќе ја следи тактиката на неколку конкуренти од Кина кои прво лансираат Pro, а потоа „ванила“ верзија на нивните смартфони од средната и основната класа. Таа шема ќе важи и за Huawei Enjoy 20 Pro кој наскоро ќе добие поевтина верзија.

Обичниот Huawei Enjoy 20 ќе работи со осум-јадрен Kirin 820 процесор, ќе има 8 GB RAM, 128 GB основна вградена меморија, батерија со капацитет од 4,300mAh, како и 6,6 инчен дисплеј со резолуција од 2,400 x 1,080 пиксели. 

Засега цената на Huawei Enjoy 20 се уште не е позната, но се очекува да биде доста прифатлива за понудениот хардвер како и камерата со примарен сензор од 48 мегапиксели. 



Прочитајте повеќе: