Највредните брендови на светот им припаѓаат на технолошките компании

Објавено на 10.07.2020 во Новости



Највредните брендови на светот им припаѓаат на технолошките компании

Скалилото на Brandz за највредни брендови потврди дека технолошките компании уште доминираат на пазарот. Amazon е убедливо на првото место со проценета вредност од речиси 416 милијарди долари, а потоа следува Apple со 352 милијарди долари.

Microsoft и Google оваа година ги заменија местата. Microsoft е на трето место со 326,5 милијарди долари, додека Google е на 4 место со 323,6 милијарди долари. Следува Visa со вредност од 187 милијарди, кинеската Alibaba Group има 152,5 милијарди, Tencent - 151 милијарди и Facebook има вредност од 147 милијарди долари. Во првите 10 највредни брендови се протна и McDonald's кој не е од технолошката индустрија, со вредност од речиси 130 милијарди долари.