Android 10 е најбрзата верзија за надградба досега на Google

Објавено на 10.07.2020 во Новости



Android 10 е најбрзата верзија за надградба досега на Google

Сите напори кои Google во изминатите години ги вложи во унифицирање на системот за софтверски надградби се исплатија целосно со последната верзија на оперативниот систем Android 10.

Според статистиките Android 10 е надградбата која најбрзо стигнала до постоечките Android уреди без оглед на производителот и е најчесто симнувана нова верзија споредена со претходните верзии.

Со новиот метод на брза надградба на клучните апликации преку Play Store се стигнува и нивото на надградби кое го нуди Apple кој го контролира и хардверот и софтверот на своите уреди.