Huawei Enjoy 20 со pop-up селфи камера без никакви дупчиња

Објавено на 10.07.2020 во Новости



Huawei Enjoy 20 со pop-up селфи камера без никакви дупчиња

Новиот квалитетен смартфон во средната класа со атрактивна цена Huawei Enjoy 20 се појави со први тендери кои откриваат многу детали за неговиот изглед, дизајн и функции.

Huawei Enjoy 20 се појави со pop-up селфи камера која ќе се извлекува од врвот на уредот, па така предната површина е целосно покриена со стаклото на екранот на кој нема никакви дупчиња и засеци кои би ги попречувале видното поле.

Huawei Enjoy 20 исто така ќе има тројна камера поставена во кружен модул на задната страна со блиц, ќе работи со осум-јадрен Kirin 820 процесор, 8 GB RAM и батерија со капацитет од 4200 mAh.

Автор: Aleksandar Stankov