Huawei Mate 40 ќе има заоблен дисплеј со 108 MP камера?

Објавено на 11.07.2020 во Новости



Huawei Mate 40 ќе има заоблен дисплеј со 108 MP камера?

Huawei Mate 40 како еден од главните фаблети кои ќе му се спротистави на Samsung Galaxy Note 20 во втората половина од годинава најверојатно ќе пристигне наесен со два многу силни адути.

Според информациите кои пристигнуваат од Кина Huawei Mate 40 ќе има заоблена форма на дисплејот со големина од 6,9 инчи, а исто така висок квалитет ќе понуди и примарниот сензор на главната камера на задната страна од 108 мегапиксели.