Откриени боите на новите Samsung Galaxy Buds Live слушалки

Објавено на 11.07.2020 во Новости



Откриени боите на новите Samsung Galaxy Buds Live слушалки

Samsung Mobile заедно со новиот супер моќен фаблет Samsung Galaxy Note 20 ќе лансира и нова верзија на Galaxy Buds безжичните слушалки со Bluetooth 5.0 како најнова и најефикасна конекција со мобилен уред.

Сега се откриени боите на новата генерација на Samsung Galaxy Buds Live безжичните слушалки кои ќе пристигнат во црна, бела и секако бронзена боја на маската која всушност ќе биде и препознатлив израз на новите уреди кои ќе бидат официјално претставени на 5 август.