Facebook и Instagram ќе ве предупредуваат да носите маска

Објавено на 13.07.2020 во Новости



Facebook и Instagram ќе ве предупредуваат да носите маска

Facebook најави подобрување на точните информации за корисниците во ова време на пандемија со коронавирусот. Откако го претставија информативниот центар за да може корисниците да добиваат информации за коронавирусот за областа во којашто се наоѓаат, новост е и дека ќе се предупредуваат корисниците за да носат заштитни маски.

Предупредувањата прво ќе се појават за корисниците на САД, каде ситуацијата со пандемијата станува се посериозна, а потоа и во оние делови на светот во коишто носењето маски е задолжително. Така корисниците на Facebook и Instagram ќе гледаат предупредувања на своите мобилни екрани и потсетник: „кога сте во јавност, прекријте ја својата уста и носот со платнена маска“.