А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници

Објавено на 13.07.2020 во Новости



А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници

Електронските услуги и процесот на дигитализација кои станаа наше секојдневие, се поттик повеќе за А1 Македонија и кон реализација на својата цел за  овозможување на дигиталната трансформација и во таа насока продолжува да ги охрабрува корисниците за користење на дигитални алатки. Нудејќи услуги преку повеќе дигитални канали, А1 Македонија стана пионир во дигиталната иновативност и премиум корисничко искуство на пазарот. Услугата Е-сметка на корисниците им овозможува месечните сметки да ги добиваат електронски, на е-мејл адреса, брзо безбедно и секогаш на време, наместо во хартиена форма, а сметката да ја платат преку апликацијата Мојот А1 или преку официјалната веб страница на линкот www.A1.mk/plati-smetka. 

По циклусот извлекувања за пакет смарфони, од сега со активирање на електронска сметка корисниците на А1 автоматски стануваат учесници во извлекувањата за електричен велосипед. Во три месечни циклуси на извлекување ќе биде доделен 21 електричен велосипед, односно седум во секое извлекување по случаен избор. Во првото извлекување, на 5 август учествуваат сите корисници кои имаат активирана Е-сметка најдоцна до последниот ден од месецот јули 2020.

Право за учество во извлекувањето имаат сите А1 резидентни корисници (физички лица) со активна електронска сметка до денот на доделување на подароците, како и сите А1 бизнис корисници (правни лица) со дадена согласност за електронска сметка. Дополнително, сите корисници на А1 Македонија кои ги исполнуваат условите и кои извршиле и онлајн плаќање на електронската сметка преку официјалната веб страницата на А1 Македонија или преку апликацијата Мојот А1, учествуваат уште по еднаш во листата за извлекување, односно имаат двојно поголема шанса за добивање на подарок.

Активирање на услугата Е-сметка може да се изврши преку апликацијата Мојот А1 во делот Сметки или со испраќање SMS порака со е-мајл адреса на корисникот на бесплатниот број 140410 додека бизнис корисниците можат да активираат Е-сметка со давање согласност за електронска сметка на линкот. 

Автор: Aleksandar Stankov