Far Cry 6 го објави првиот трејлер со главен негативец од Breaking Bad

Објавено на 13.07.2020 во Игри



Far Cry 6 го објави првиот трејлер со главен негативец од Breaking Bad

Компанијата Ubisoft официјално го објави првото видео со трејлерот за играта Far Cry, за време на Ubisoft Forward. На видеото може да се види како има бунт против режимот на Антон Кастиљо, во улога на актерот Џанкарло Еспозито, популарно познат со улогата на Гас Фринг од мегапопуларната серија Breaking Bad.

Far Cry 6 им дава за задача на играчите да го контролираат Дани Рохас, задолжен за спречување на владеењето на Кастиљовиот режим. Far Cry New Down, исто како и кај Far Cry 5, овозможува избор на машки и женски лик, со голем избор на оружје и систем за следење. Far Cry 6 излегува на 18 февруари 2021 година на сите платформи.