Велика Британија размислува за стопирање на 5G мрежата на Huawei

Објавено на 13.07.2020 во Новости



Велика Британија размислува за стопирање на 5G мрежата на Huawei

Британците прво одлучија да ја ограничат инфраструктурата за 5G технологија на територијата на Велика Британија. Сега го менуваат мислењето, има сериозни размислувања  за целосно да се стопира градењето на 5G инфраструктура и да се отстрани онаа што досега се инсталирала.

Се уште нема официјално изјава до кога се планира и дали 100% се планира да се отстрани 5G опремата на Huawei од Велика Британија, но очигледно САД има силно влијание врз Британците. Британскиот совет за национална безбедност (NCS), со кој претседава премиерот Борис Џонсон, ќе има состанок во вторник со кинескиот технолошки гигант и тоа ќе биде пресудно за одлуката.