САД сериозно размислува за блокирање на TikTok

Објавено на 14.07.2020 во Новости



САД сериозно размислува за блокирање на TikTok

Amazon веќе ја забрани TikTok апликацијата за употреба на своите работници на службените смартфони, кои пристапуваат кон e-mail серверот на Amazon. Тоа ги изненади сите, дури и лидерите на TikTok. Одлуката на Amazon беше и нагло повлечена, како што беше донесена, со тоа што изјавија дека мејлот е грешка испратен и отсега нема да им забрануваат на своите работници да ја користат популарната апликација.

TikTok потекнува од Кина, во сопственост е на компанијата ByteDance. Американскиот претседател Доналд Трамп открива дека неговата администрација „размислува за забрана на користење на апликацијата“, што би било директен удар врз 165 милиони Американци, коишто ја преземаа оваа апликација.