На Dark Web се продаваат дури 15 милијарди украдени лозинки

Објавено на 14.07.2020 во Новости



На Dark Web се продаваат дури 15 милијарди украдени лозинки

Експертите предупредуваат постојано дека лозинките мора постојано да се менуваат, но ретко кој тоа го прави. На Dark Web има 15 милиони украдени лозинки, а тоа е нешто што секој би требало да го загрижи, а не само експертите за компјутерска безбедност.

Таа цифра означува дека на секој жител на Земјата му се украдени две лозинки. Тимот од Digital Shadows Photon Research во текот на една година истражувал каде може да се пронајдат лозинките што се украдени во некој од хакерските напади. Во последните две години, бројот на украдени лозинки пораснал за 300%, а од пронајдените 15 милијарди лозинки, 5 милијарди се уникатни.