Најмоќниот гејмерски смартфон Lenovo Legion доаѓа за една недела

Објавено на 15.07.2020 во Новости



Најмоќниот гејмерски смартфон Lenovo Legion доаѓа за една недела

Lenovo за една недела на 22 јули официјално ќе го лансира најмоќниот гејмерски смартфон со фантастичен склоп на хардвер и дизајн.

Lenovo Legion гејминг смартфонот веќе е пуштен за преднарачка преку кинеските веб страни, но засега цената се уште не е позната бидејќи истата ќе варира од партнерите преку кои ќе биде лансиран.

Lenovo Legion ќе има импресивен дисплеј со 144Hz стапка на освежување, ќе работи со најмоќниот осум-јадрен Snapdragon 865 Plus процесор, со 12 GB RAM, ќе биде поставен хоризонтално со посебен мотор за вибрации, каблите нема да пречат за полнење додека се игра со два USB Type C влезови, ќе има систем за ладење, како и екстра брзо полнење на батеријата со капацитет од 5000 mAh со брзина од 90W.





Прочитајте повеќе: