Spotify конечно ќе може да се слуша и во Македонија

Објавено на 15.07.2020 во Новости



Spotify конечно ќе може да се слуша и во Македонија

Spotify е најновиот голем глобален сервис за стриминг на музика кој ги направи неговите услуги достапни за корисниците од Македонија. Така сите што сакаат да имаат огромен пристап до музички содржини сега ќе може да креираат профил од Македонија без потреба од трикови со VPN.

Spotify сега е достапен во повеќе земји од регионот како Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска, како и во неколку земји од Источна Европа вклучувајќи ја и Русија. 

Spotify ќе понуди и 200 нови плејлисти од локални артисти од новите земји каде стриминг сервисот е присутен. Стандардната верзија на Spotify е бесплатна, а премиум верзијата се наплаќа по 4,99 евра и нуди голем број на дополнителни предности. 





Прочитајте повеќе: