Скандал на Twitter: Хакери пробиле профили на познати личности за да извлечат 100 илјади долари

Објавено на 16.07.2020 во Новости



Скандал на Twitter: Хакери пробиле профили на познати личности за да извлечат 100 илјади долари

Познатите личности што имаат Twitter профил, се нападнати од хакери, кои ги злоупотребиле за да побараат по илјада долари од наивни следбеници. Колку што е моментално познато, првиот твит дошол од профилот на Бил Гејтс, кој на своите следбеници им ветил дека ќе ги удвои сите уплати на неговата адреса во биткоин валути во следниот половина час.

За неколку минути над 200 луѓе уплатиле над 50 илјади долари на наведената адреса во биткоин валути. Сличен твит објавен од профилот на Илон Маск, кој се поврзува со апликација за префрлање на пари, Cash. Но, тие твитови се набрзо отстранети. Пробиени се и профилите на Apple, Uber, шефот на Amazon, Џеф Безос, но и хип хоп ѕвездата Канје Вест, поранешниот претседател на САД, Барак Обама и актуелниот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден. 





Прочитајте повеќе: