Samsung ќе биде најбрз во пуштање на 6G технологијата

Објавено на 16.07.2020 во Новости



Samsung ќе биде најбрз во пуштање на 6G технологијата

Во повеќето земји се уште нема најава за 5G технологијата. Samsung најави дека се спрема за лансирање на 6G во 2028 година, што е за две години порано во споредба со некои поранешни информации дека би требало 6G да излезе во 2030 година. 

Се разбира, дотогаш има уште многу време, а нештата може во меѓувреме да се променат. Во прв план е брзината за неколку пати поголема во споредба на 5G - на Venture Beat говорат за максималните брзини околу 1000Gbps. Мобилната мрежа за иднината ќе поддржува и многу поголема количина на уреди по квадратен метар и латентноста ќе биде подобра и ќе изнесува под 100 микросекунди.