Богатството на Маск расте, сега е побогат и од Ворен Бафет

Објавено на 16.07.2020 во Новости



Богатството на Маск расте, сега е побогат и од Ворен Бафет

Се исплати трудот на Илон Маск, со години без годишен одмор, апсолутна посветеност за напредокот на својата компанија, како и спиење по канцеларија. Tesla експертите велат дека технолошки компанијата е многу понапредна од конкуренцијата и моментално е највредната автомобилска компанија по пазарна вредност. 

SpaceX неодамна испиша историја и започна целосно нов период за човештвото со освојувањето на вселената. Тие податоци се одразија и врз сметката на Маск, со тоа што порасна неговото лично богатство и сега поседува над 20% од акциите на производителот на електрични автомобили, кој е најголем извор на неговото богатство.

Пазарната вредност на Tesla Inc. до неодамна беше 100 милијарди долари, а сега се стреми кон 300 милијарди. Богатството на Маск сега го прави седмиот најбогат човек во светот, а малку му фали за да го надмине Лери Пејџ и Стив Балмер. Зад себе остави респектабилна екипа што го вклучува вториот основач на Google, Сергеј Брин, но и најпознатиот инвеститор во светот Ворен Бафет, кој зад Маск заостанува со повеќе од милијарда долари.