Се појавија нови детали за Moto E7

Објавено на 16.07.2020 во Новости



Се појавија нови детали за Moto E7

Редно време e Motorola Mobility да го лансира годинешниот модел од Е серијата кој ќе биде наследник на ланскиот солиден смартфон од основната класа Moto E6.

По неколку месеци на таинственост, сега се појавија нови детали за Motorola Moto E7 кој ќе располага најверојатно со 6.2 инчен дисплеј со резолуција од 720x1520 пиксели, ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 632 процесор, 4 GB RAM и 64 GB вградена меморија.

Исто така се очекува, Moto E7 да понуди подобрена камера на задната страна со двоен сензор составен од 13 и 2 мегапиксели, селфи камера од 5 мегапиксели поставена на предната страна и ќе има батерија со капацитет од 3,550 mAh.