Маск го објави дизајнот на новата Гигафабрика во Берлин

Објавено на 17.07.2020 во Новости



Маск го објави дизајнот на новата Гигафабрика во Берлин

Илон Маск го објави дизајнот за новата Гигафабрика (Tesla Gigafactory) на Tesla Inc. што започнува со изградба во Берлин. Планот за изградба на Гигафабрика беше најавен уште во ноември 2019 година.

Новата ќе биде прва фабрика за комплетно производство на Tesla автомобили во Европа. Проблем со Гигафабриката во меѓувреме излезе поради протестите на жителите што беа против сечење на шумата на локацијата на која ќе се гради фабриката, а подоцна настапи и пандемијата со коронавирусот. Изградбата на објектот за производство сепак продолжува, а сега за прв пат го имаме објавено и дизајнот на фабриката. Планирано е да се заврши со изградба до јули 2021 година.