Facebook Messenger додаде споделување на екранот
Објавено на 17.07.2020 во Новости
Facebook продолжува со заложбите за поддршка на корисниците во време на КОВИД-19 пандемијата со нови функции во бесплатните алатки и апликации.
Сега корисниците на Facebook Messenger додека имаат видео повик со нивните пријатели или колеги ќе може да го споделат екранот за презентација или директно покажување на конкретна содржина.
Ваквата функција го доближува Facebook Messenger до Skype, Zoom, Google Meet и останати апликации за видео и конференциски повици кои ја олеснуваат комуникацијата и работењето од далечина.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.