Gboard за Android добива посебна лента со емоџи

Објавено на 17.07.2020 во Новости



Gboard за Android добива посебна лента со емоџи

Google на светскиот ден на емоџите најави дека виртуелната тастатура Gboard за Android ќе добие посебна лента за експерсии која корисниците ќе може многу полесно да ја активираат и веднаш да им биде при рака.

Во актуелната верзија на Gboard има посебно копче кое треба долго да го држите за да се појави менито со емоџи. Тоа се наоѓа лево од глобусот и помеѓу копчето за бројки и знаци.

Во новата верзија на Gboard над тастатурата ќе биде поставена нова лента на која ќе има избор од најчесто користените емоџи и многу нови функции за побрзо активирање.