Cat S62 Pro со војнички стандарди доаѓа наскоро

Објавено на 17.07.2020 во Новости



Cat S62 Pro со војнички стандарди доаѓа наскоро

Cat брендот на супер издржливи смартфони наскоро ќе лансира нов модел кој ќе ги исполнува најновите војнички стандарди за цврстина на телото и справување со сите надворешни предизвици.

Новиот Cat S62 Pro наскоро ќе биде официјално претставен со подобрена FLIR интегрирана камера која може да биде многу корисна за работници и луѓе кои на терен се соочуваат со многу тешки предизвици.

Исто така Cat S62 Pro ќе има и стандардна камера за правење слики и видеа како и осум-јадрен Snapdragon процесор со цена од околу 700 евра.