САД спрема нови сакнции за Huawei!?

Објавено на 18.07.2020 во Новости



САД спрема нови сакнции за Huawei!?

Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео најави нови санкции против Huawei, на што официјално Пекинг одговори со протест против санкциите што САД ги донесе против Пекинг. 

„За да ги зачуваме нашите легитимни интереси, Кина примерно ќе одговори и ќе наметне санкции против американските ентитети“, објавило кинеското министерство за надворешни работи.

Помпео на конференцијата за новинари ја поздрави одлуката на британската влада да ги прекине врските со Huawei и најави дека идната недела ќе ги посети Велика Британија и Данска.