Македонската игра Tie Dye руши рекорди на светските листи

Објавено на 18.07.2020 во Новости



Македонската игра Tie Dye руши рекорди на светските листи

Македонското студио за игри „Furious Avocado“ изминатава недела ја издаде својата прва игра „Tie Dye“, која само за една недела се најде на светските топ-листи како најпреземана игра, само на iOS има над 3.000.000 преземања.

- Пред шест месеци, заедно со другарите и неверојатни професионалци Иво Нешковиќ, Марио Ампов, Томи Џуровски, Дамјан Михајлов и Бобан Стојчевски, тргнавме во авантура наречена „Furious Avocado“ - наше гејминг-студио кое долго време беше наш сон. Во оваа авантура не бевме сами. Од самиот старт на наша страна ги имавме „CrazyLabs“, еден од најдобрите издавачи на мобилни игри во светот. Шест месеци подоцна еве нè со нашата прва игра „Tie Dye“ - број 1 во светот во првата недела од објавување со повеќе од 3 милиони симнувања само на iOS! - напиша на својот фејсбук-профил Наум Михајловски, еден од креаторите на оваа игра.

Линк за iOS: https://tinyurl.com/tie-dye-appstore
Линк за Android: https://tinyurl.com/tie-dye-gp

Автор: Aleksandar Stankov