Новиот iPad Air ќе има пониска цена и моќен процесор

Објавено на 18.07.2020 во Новости



Новиот iPad Air ќе има пониска цена и моќен процесор

Apple најверојатно ќе лансира нов поевтин iPad Air кој во суштина ќе има пониска цена која ќе се движи до 400 долари, а моќниот процесор ќе биде обезбеден од некоја претходна генерација на модели.

Се претпоставува дека новиот iPad Air ќе ја примени тактиката слично како кај iPhone SE 2020 па така ќе работи со процесорот А13 кој всушност е позајмен од премиум моделот iPhone 8.

Исто така за iPad Air се прогнозира дека ќе има голем екран над 10 инчи и ќе има поддршка за внес на команди со функционално пенкалце.