Xiaomi Mi 10 Lite е еден од најисплатливите 5G смартфони

Објавено на 18.07.2020 во Новости



Xiaomi Mi 10 Lite е еден од најисплатливите 5G смартфони

Xiaomi со новата Lite верзија на премиум моделот Mi 10 на пазарот го лансираше еден од најисплатливите 5G смартфони ако се погледне неговата брза мобилна конекција, како и солидниот хардвер во кој нема направено голем број на компромиси за да се спушти цената.

Xiaomi Mi 10 Lite располага со 6,57 инчен AMOLED дисплеј со резолуција од 1080 x 2400 пиксели, и поддршка за HDR10+, работи со Snapdragon 765G (7 nm) процесор, има 6 GB RAM и 64 GB основна меморија, како и батерија со капацитет од 4160 mAh со брзо полнење од 20W.

Xiaomi Mi 10 Lite нуди и главна камера на задната страна со четири сензори од кои примарниот има 48 мегапиксели, додека пак селфи камерата има 16 мегапиксели. На одредени пазари каде операторите веќе имаат 5G мрежа овој смартфон ќе се продава за цена од околу 350 до 400 евра.