Британски BT: Ќе ни требаат 7 год. да ја тргнеме опремата на Huawei

Објавено на 19.07.2020 во Новости



Британски BT: Ќе ни  требаат 7 год. да ја тргнеме опремата на Huawei

Одлуката на британската влада за целосно отфрлање на Huawei од телекомуникациската инфраструктура во Велика Британија беше неочекувана за компаниите, а може да има долгорочни последици. Сите телеоператори имаат обврска целосно да ја заменат опремата на Huawei до 2027 година, на што веднаш реагирале телеоператорите, предупредувајќи дека тоа би можело да влијае врз квалитетот на телекомуникациските услуги во цела земја.

Извршниот директор на британскиот телеопреатор BT, Филип Џансен, истакнува дека на компанијата ќе и требаат од 5 до 7 години за да ја отстрани целокупната 5G опрема на Huawei, а за 10 години да се замени опремата користена во претходните мрежни генерации. Џансен додава дека постојат потенцијални ризици од таквата одлука дека се можни и губитоци на сигнал за интернет, затоа што рокот за отстранување на опремата на Huawei е прекраток. 

 

Автор: Aleksandar Stankov