Цукерберг веќе има копија за да го замени TikTok

Објавено на 19.07.2020 во Новости



Цукерберг веќе има копија за да го замени TikTok

На сличен начин на кој американската политика го спречи Huawei, така би можела и да го спречи успонот на TikTok. Социјалната мрежа освои стотици милиони корисници со својата апликација, млади најмногу.

Неодамна TikTok беше забранет во Индија, а слично сценарио му се заканува и на САД. Причината е тоа што TikTok е кинески производ, што не им се допаѓа на политичарите што сметаат дека со самото тоа претставува безбедносен ризик и тие податоци би можеле да ги споделуваат корисниците со кинеската влада. Својата шанса овде ја гледа Марк Цукерберг, кој започна со развој на опцијата Instagram Reels, имплементирана во самата мрежа, неодамна достапна во Индија.

Reels е опција во самата апликација на Instagram, која служи за снимање и објава на кратки видеа во траење до 15 секунди, за чие создавање се достапни различни интересни алатки, со цел видеото да биде што покреативно.