PlayStation 5 пристигнува кон крајот на 2020, Sony се спрема за голема побарувачка

Објавено на 20.07.2020 во Игри



PlayStation 5 пристигнува кон крајот на 2020, Sony се спрема за голема побарувачка

После избивањето на пандемијата и проблемите со снабдување со компоненти од Кина, гејмерите беа загрижени како ќе  влијае вонредната ситуација врз плановите на Sony и Microsoft околу претставувањето на новите генерации на PlayStation и Xbox. Во меѓувреме компаниите ја смирија ситуацијата и уверуваат дека се ќе биде навремено.

Не само што ќе биде се навремено произведено и испорачано, туку ќе се зголеми и производството на конзоли. Sony очекува зголемување на продажбата на видео игрите, со оглед на тоа што голем период бевме приморани да останеме дома, а тоа се очекува да се случи и во иднина. Првично се планирани 6 милиони парчиња PS 5 за 2020 година, но сега се планирани 9 милиони парчиња.