Huawei P50 ќе биде со Snapdragon 875G процесор

Објавено на 20.07.2020 во Новости



Huawei P50 ќе биде со Snapdragon 875G процесор

Taiwan Semiconductor Manufacturing Company (TSMC) е компанија за производство на чипови за најмоќните брендови како што се Apple и Qualcomm. Истата потврдува дека престанала да прима нови нарачки од Huawei од 15 мај поради забраната за примање на нови нарачки од не-американски компании. 

Ова може да го примора кинескиот бренд за следната Mate 40 серија да биде со помоќен и послаб чип. Инаку, Huawei Mate 40 наводно ќе биде со Kirin 1020 процесор, произведен со 5нм процес на производство. Huawei нарачал само 8 милиони парчиња пред да се случат новите рестрикции. Продажбата на Mate 40 дуото се очекува да надмине 10 милиони парчиња, што значи дека компанијата има потреба од повеќе чипови. 

Некои варијанти на Mate 40 би можеле да бидат со MediaTek чип. Samsung Exynos и MediaTek чиповите најверојатно ќе бидат во игра, додека Kirin 1020 процесорот ќе биде понуден само за кинески пазар, кој нуди 50% подобрени перформанси во споредба со Kirin 990. MediaTek телефоните ќе бидат наменети за останатите пазари. Mate 40 ќе биде со четворна камера со 108MP главен сензор. Huawei P50 се очекува да биде со Snapdragon 875G процесор.