Moto G9 Play доаѓа со поголема моќ

Објавено на 20.07.2020 во Новости



Moto G9 Play доаѓа со поголема моќ

Motorola Mobility наскоро ќе започне со лансирање на нови смартфони од G9 серијата, а меѓу првите од нив најверојатно ќе биде Play верзијата која веќе се појави на бенчмарк тест.

Moto G9 Play според Geekbench ќе има помоќни перформанси од неговиот претходник со осум-јадрен процесор од Snapdragon 600 серијата од новата генерација.

Исто така Moto G9 Play ќе располага со 4 GB RAM и најмалку 64 GB основна вградена меморија, а секако со оглед на името се очекува и многу квалитетен дисплеј за пристојна цена.