Израел одобри следење на корона-заразените со мобилен до јануари 2021

Објавено на 21.07.2020 во Новости



Израел одобри следење на корона-заразените со мобилен до јануари 2021

Израелскиот парламент одобри мерка за следење на мобилните на граѓаните заразени од коронавирус до јануари 2021 година. Надзорната технологија на безбедносната служба Шин Бет се користела привремено за следење на заразените со коронавирус од март, а израелскиот парламент (Knesset) во понеделникот доцна во ноќта ја одобри мерката до 20 јануари, 2021 година.

Безбедносна агенција ги следи податоците за локациите на заразените со коронавирус 14 дена откако ќе им биде дијагностициран. Тие податоци се употребуваат за идентификација на сите оние со кои дошле до контакт. Новиот закон може да се користи само ако бројот на дневни случаи надмине 200.