Moto G8 Plus ја добива надградбата со Android 10

Објавено на 21.07.2020 во Новости



Moto G8 Plus ја добива надградбата со Android 10

Motorola Mobility го започна процесот за достава на новата верзија на оперативниот систем Android 10 моделот Moto Go Plus што значи продолжена софтверска поддршка за корисниците и овозможување на пристап до најновите функции.

Moto G8 Plus во текот на летото ќе може да го активира режимот на работа Dark Mode низ сите менија и системски апликации согласно потребите и изборот на корисникот.

Исто така Moto G8 Plus со новиот Android 10 систем ќе има подобрена енкрипција за заштита на приватноста и податоците на корисниците како и закрпи на претходните пропусти.