OnePlus претстави евтин телефон со Snapdragon 765G

Објавено на 22.07.2020 во Новости



OnePlus претстави евтин телефон со Snapdragon 765G

OnePlus конечно го претстави OnePlus Nord, кој располага со супер ниска цена од 400 евра. За таа цена доаѓа со Snapdragon 765G процесор, 8GB/12GB работна меморија и 128/256GB внатрешна меморија.

Од предната страна уредот е со голем екран - 6,44 инчи Fluid AMOLED со 90Hz, со мал отвор за две предни камери од 32MP и 8MP широкоаголна леќа. Има поддршка за 5G мрежа, батерија со капацитет од 4115mAh, а доаѓа во две бои, сина и црна. Главните камери се сместени од задната страна - четири камери.

Главниот сензор изнесува 48MP и оптичка стабилизација на сликата, а со неа и 8MP ултра-широката камера, макро камера и сензор за длабочина.



Прочитајте повеќе: