За смартфони со 2 GB RAM нема Android 11

Објавено на 22.07.2020 во Новости



За смартфони со 2 GB RAM нема Android 11

Google најверојатно ќе постави нови критериуми за софтверска надградба со следната верзија на оперативниот систем Android 11.

Според планот на Google за целосен пристап до Android 11 системот еден смартфон ќе мора да располага со над 2 GB RAM за да ги поддржува сите функции.

Останатите смартфони пред се од најниската класа кои и натаму ќе имаат 2 GB RAM или помалку ќе мора да ја користат Android 11 Go верзијата која има сличен интерфејс но, со намален капацитет на сервисите и апликациите во системот, но секако ќе има долгорочна корисничка поддршка како кај многу модели на Nokia со најниски цени.