Поранешниот шеф на Google основа технолошки универзитет

Објавено на 23.07.2020 во Новости



Поранешниот шеф на Google основа технолошки универзитет

Поранешниот шеф на Google, Ерик Шмит, ги здружил силите со поранешниот државен секретар за одбрана Роберт Ворк, и основале технолошки универзитет, кој би требало да биде конкуренција за добро познатиот MIT и Стенфорд.

US Digital Service Academy ќе биде името на универзитетот, кој ќе едуцира нови генерации на девелопери и програмери за потребите на американската администрација. Таак ќе понуди студии за кибернетичка безбедност и вештачка интелигенција со цел САД да биде чекор напред во споредба со другите држави.