Xiaomi Redmi Note 10 се појави со Dimensity 820 процесор
Објавено на 23.07.2020 во Новости
Xiaomi ќе продолжи со лансирање на смартфони во средната висока класа со 5G поддршка овозможувајќи поголем број на корисници да имаат пристап до оваа мобилна конекција.
За тоа ќе се погрижи новиот модел Xiaomi Redmi Note 10 кој се појави со осум-јадрен Dimensity 820 процесор, 8 GB RAM, 256 GB основна вградена меморија и батерија со капацитет од 4500 mAh.
Овие компоненти на Xiaomi Redmi Note 10 веруваат одлични перформанси па ако и цената е пониска може да очекуваме сеопфатна солидна понуда од кинескиот бренд.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.