Што очекуваме од Samsung Galaxy Z Flip 5G

Објавено на 24.07.2020 во Новости



Што очекуваме од Samsung Galaxy Z Flip 5G

Samsung го најави преклопниот смартфон Fold серијата - Galaxy Z Flip 5G, за кого се зборува дека цената се очекува да биде 1450 долари. Моделот под хауба ќе има Snapdragon 865 Plus процесор, 6.7-инчен FHD+ Dynamic AMOLED дисплеј (21.9:9) (Infinity Flex Display) со резолуција од 2636 x 1080 пиксели и густина на пиксели од 425ppi, 8GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија, батерија со капацитет од 3,300 mAh. 

Се разбира, пристигнува со најновиот оперативен систем Android 10, а неговиот дизајн е на превиткување на вертикалната страна, кој изгледа како старите флип телефони.