Популарната апликација за попусти Grouper.mk сега достапна и на AppGallery на Huawei

Објавено на 24.07.2020 во Новости



Популарната апликација за попусти Grouper.mk сега достапна и на AppGallery на Huawei

Една од најпопуларните и најкористени апликации во земјава Grouper.mk со која се нудат попусти за најразлични производи и услуги, сега е достапна и на продавницата за апликации AppGallery на Huawei.

Grouper.mk е водечка платформа во земјава која нуди зделки со попуст до 90% за облека, производи за домаќинство, убавина, играчки, помош во домот, посета на ресторани, патувања во целиот свет и домашни и многу други најразлични производи и услуги. Со преземање на апликацијата Grouper секој може да штеди додека открива нови ресторани, салони за убавина, спорт и други локални бизниси од Северна Македонија чија понуда секојдневно се надополнува. Само со еден клик може да се стане сопственик на купон кој дава најразлични попусти. 

AppGallery постојано го збогатува своето портфолио, а основен фокус во секоја од 170-те земји во кои работи Huawei е што побрзо да ги обезбеди најомилените и најкористените апликации од локалните даватели на содржини, а во земјава една од таквите е токму Grouper. Прва апликација од Северна Македонија која се најде во AppGallery на Huawei беше апликацијата МојДДВ.

Во портфолиото на продавницата за апликации на Huawei – AppGallery, сите апликации кои се поделени во 18 категории, се развиваат со највисоко ниво на безбедност гарантирана преку механизми за верификација, вклучително и верификација на корисникот, како и четворократна проверка на сигурност и заштита на четири нивоа.

Официјалната платформа за преземање апликации на Huawei – AppGallery е во првите 3 продавници за глобални апликации и истата нуди оптимизирани апликации кои работат на уредите Huawei за да се постигне поиновативно и интелигентно искуство.