Apple ја презакажа презентацијата за iPhone 12 во „жешката есен“

Објавено на 25.07.2020 во Новости



Apple ја презакажа презентацијата за iPhone 12 во „жешката есен“

Секогаш кога Apple ги претставува новите модели на iPhone на почетокот на септември, тогаш периодот го нарекуваме „жешка есен“ со оглед на тоа што речиси секогаш имаме иновации со најновите смартфони и софтвери. 

iPhone 12 се очекуваше да биде закажан повторно за септември, но компанијата од Купертин сепак го презакажа за крајот на октомври месец. Медиумите соопштија дека во октомври ќе биде претставен моделот iPhone 12 со 4G мрежа, а во ноември ќе биде претставена варијантата со 5G мрежа.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: